Добредојдовте во еден поразличен начин на стоматологија

Стоматолошката ординација РЕНДЕВСКИ е ординација која е насочена кон семејните вредности и во која се применуваат најсовремени технологии и техники со цел задоволството и удобноста на пациентот да се доведат на највисоко ниво.  
Оваа наша заложба е поткрепена со нашата способност и обученост да Ви излеземе во пресрет Вам и на Вашето семејство во областа на реконструктивната, реставративната, периодонтална и естетска стоматологија, орална хирургија и имплантологија, протетика,  во соработка со врвни орални хирурзи, имплантолози и заботехнички лаборатории во Битола и Скопје.

 

Овој сеопфатен пристап е, исто така поддржан од нашите силни инвестиции во најновите начини за управување со болка и опрема за стерилизација. Нашата цел е секоја Ваша посета во нашата весела ординација да Ви ја направиме најпријатна што можеме и Вие да ги добиете сите информации кои Вам Ви се потребни.
Ние нудиме едукативни видеа за оние кои сакаат да го подигнат своето ниво на знаење за најновите трендови во областа на стоматологијата. А, нашите пациенти можат да гледаат филмови или да слушаат ЦД од широкиот избор кој го имаме на располагање во текот на престојот во ординацијата.
Се што правиме во стоматолошката ординација РЕНДЕВСКИ е со цел да Ви обезбедеме целосно задоволство.

Ние во пракса тоа го нарекуваме „Уметност на насмевката“.

 




Новости и настани





Edelweiss ламинати

Сега можете да ја имате блескавата насмевка која отсекогаш сте ја посакувале - во само една посета и за помалку пари!   Edelweiss дава многу можности   За...

Posted by: Dr. Radica | Post Date: 2014-02-19

Импланти

  Во стоматолошка ординација РЕНДЕВСКИ можеме да Ви помогнеме да ја подобрите Вашата насмевка и да ги избегнете психолошките и социјални проблеми кои настанува...

Posted by: Dr. Andreja | Post Date: 2012-11-10

Стоматолошки третман во странство

Илјадници луѓе од САД, Канада, Австралија и Европа доаѓаат секоја година во посета на туристичките места во Македонија но и заради Стоматолошки третмани. Да, то...

Posted by: Dr. Andreja | Post Date: 2012-11-10